Ситуацијата во Руската Федерација се уште не е целосно смирена по обидот за државен удар на групата Вагнер, а директорот на британската тајна разузнавачка служба МИ6, Ричард Мур, тврди дека Владимир Путин, претседателот на Русија и лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин, се сретнале претходните денови, пишува весникот The Guardian, а според главниот разузнавач, тие пиеле чај.
Ричард Мур го смета ова за интересен настан со оглед на тоа што Владимир Путин претходно го опиша Евгениј Пригожин како „предавник“, објави Sky News. Како што самиот тој вели, не го разбира ваквиот развој на ситуацијата.
„Овие работи се мистерија дури и за мене. Евгениј Пригожин беше прогласен за предавник, а веќе следното утро беше помилуван, а неколку дена подоцна го поканија на чај“, изјавил Ричард Мур.
Минатата недела претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден изјави дека лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин „можеби е во опасност“ поради обидот за вооружен бунт. Џо Бајден тогаш кажа дека ако е на местото на Евгениј Пригожин – „ќе внимава што јаде и ќе внимава на менито“.