Поради двете големи трагедии кои длабоко го погодија целото општество, Владата на Република Србија донесе одлука на 6. јуни да ја заврши учебната година во сите основни и средни училишта во Србија, пишува Blic.rs
Училиштата можат да продолжат со работа до 20. јуни, за учениците кои сакаат.
Исто така, Владата на Србија донесе одлука основното училиште „Владислав Рибникар“ и понатаму да остане – училиште.
Ќе се реконструира и во текот на реконструкцијата ќе биде изграден и спомен дел во спомен на децата и училишниот чувар кои беа убиени таму.
По вонреден увид во основното училиште „Владислав Рибникар“, потврдени се наодите на Центарот за социјална работа, Министерството за образование и Министерството за семејна грижа, дека во ова училиште немало врсничко насилство во однос на малолетниот Коста.К.