Драгана Мирковиќ, најпопуларната пејачка од Балканот, е во процес на развод од бизнисменот Тони Бијелиќ.
Како што објавија медиумите, Драгана наводно го тужела нејзиниот сè уште легален сопруг, за судот да им го подели имотот и да ги разведе. Сепак, како што пишуваат српските медиуми, вистината е сосема поинаква!
Имено, Драгана како и секогаш е отворена за секаков вид договор, како и дека работи на најдобар можен начин да се раздели од сопругот.
– Драгана уште првиот ден му врачи на Тони барање за развод и работата сепак им ја препушти на адвокатите, кои треба да се договорат и да го решат случајот .
– Има законски рок во кој адвокатот и Тони треба да се договорат и да ја известат Драгана дали сакаат да се разведат со заедничка согласност или судот да одлучи за развод и поделба на имотот – објасни извор за српските медиуми.
– Тони и неговиот адвокат, колку што знам, до денеска не и’ одговориле на Драгана, но тој рок сè уште не е истечен, па имаат уште време да донесат одлука како ќе заврши сè. Што се однесува до Драгана, таа од самиот почеток беше со секој договор, како што е добро познато во јавноста – заклучува изворот.