Весна Радусиновиќ на социјалните мрежи сподели спомен од нејзината мајка, која почина пред три години на денешен ден. Истакнатата писателка го негува нејзиното сеќавање и често зборува за неа.
А уредникот на Хепи телевизија имаше голема почит кон својата ташта, како и таа кон него. Двајцата одлично се сложуваа.
Тоа го потврдуваат и блиските пријатели на Весна кои ја познаваат од детството.
– Денес е тежок ден за Весна! Ја обожаваше мајка си иако беа сосема различни. Знаете, Жељко Ражнатовиќ Аркан беше многу близок роднина на мајката на Весна. Кога Мариќ ќе ја изнервираше, Весна ќе му речеше: „Сега ќе ти го викнам Аркан“. Тогаш мајка ѝ многу се вознемируваше и молеше речиси плачејќи и велеше: „Немој Весна, Маре е добар зет, најдобар“. Многу се сакаа и почитуваа – раскажува пријател близок до семејството.
Дека навистина било така сведочи и фотографијата која Весна ја објави денеска на Инстаграм. На него се таштата и зетот – Злата и Миломир.
,,Никогаш не си сама… мамо… Осаменоста е за заборавените, а ти си тука, со нас, до нас, до мене…“ напиша Весна на Инстаграм.
Судејќи по фотографијата, Весна убавината, младешкиот изглед и неодоливоста ги наследила од мајка си.