Седми ден од блокадата на РТС: На студентите им се придружуваат и граѓани

Студентите на Белградскиот универзитет, кои седми ден го блокираат влезот во зграда на Радио-телевизија Србија (РТС), продолжуваат со протестите, поради кои сообраќајот околу зградата на државниот сервис и дел од улицата на Коошутњак, е во застој.

Блокадата започна минатиот понеделник и според најавите ќе трае сè додека не се распише нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), или додека не се „угаси“ РТС.

Студентите во блокада го поминаа денот со мирно однесување, а одржана беше и 16-минутна тишина во знак на почит за 16 жртви на несреќата на железничката станица во Нови Сад.

Како резултат на блокадата, РТС мораше да ја смени програмската шема. Наместо вообичаеното емитување на утринскиот програм а во 6 часот, се пуштаа документарни содржини, а вестите биле емитувани без вклучување од студиото.

РТС поднесе кривична пријава против непознати лица кои се претставуваат како студенти во блокада и кои ги блокираат објектите на РТС од 14 април.

Студентите продолжуваат да ги повикуваат другите граѓани да им се приклучат на блокадата, се до испонувањето на нивните барања.