Комисијата за здравство ќе расправа по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување.
На Комисијата за локална самоуправа ќе се расправа за Националната развојна стратегија – Значење на Локалната самоуправа и регионален развој.
Членовите на Комисијата за европски прашања ќе дискутираат за Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка.
Во Собранието, исто така ќе се одржи и средба на Националниот совет за евроинтеграции со учесниците на Форумот за културна дипломатија.
Форумот е на тема „Промовирање на меѓународна соработка, културно разбирање и мир преку културна дипломатија“.