Седуммесечно бебе почина синоќа на интензивна нега на Детската клиника во Скопје.
Директорот на Клиниката Реџеп Мемеди изјави дека бебето има генетски проблем и му се оштетени неколку органи.
Според Мемеди, биле испочитувани сите процедури и третмани и немало лекарска грешка.
Тој вели дека тоа е неоснован притисок врз Клиниката и здравствениот персонал во оваа установа.
Телото на бебето е испратено на обдукција на Патологија.