Седумте најголеми синџири маркети лани оствариле нето профит од 35 милиони евра

Седумте најголеми синџири маркети лани оствариле нето профит од 35 милиони евра

Иако трговците се жалеа дека работат надвор од трговската логика и со минимална заработка, реагираа на одлуките на владата за зауздување на инфлацијата во земјава, сепак бројките и анализите на Бизнис мрежата покажаа друга реалност. Во нив стои дека седумте најголеми синџири на маркети во 2023 година оствариле приход од 930 милиони евра.

На водечката позиција меѓу нив е Веро кој во овој период заработил над 10 милиони евра и тоа е речиси 13 отсто повеќе во споредба со претходната година. На второ место е Кам маркет со чиста заработка од 7,3 милиони евра. И овој маркет бележи раст на профитот споредено со годината претходно.

Меѓу оние со големи профити е и Кипер кој во 2023 година заработил 5,5 милиони евра, а по него е Стокомак со профит од четири милиони евра. Вива-Фреш (поранешен Кит-Го) е со слична добивка како Кипер. Рамстор имал добивка од два ипол милиони евра, а Тинекс 1,4 милиони.