Седум рани симптоми на остеопороза кои не треба да ги игнорирате

Остеопорозата е болест на коскеното ткиво во која доаѓа до губење на органскиот и минералниот дел од коските, што ги прави коските кршливи .

Кога станува збор за оваа болест, жените се изложени на поголем ризик од мажите, особено по менопаузата поради падот на нивото на естроген.

Експертите на порталот Health Shots издвоија осум рани показатели за остеопороза на кои треба да обрнете внимание и доколку е потребно навреме да реагирате и да побарате лекарска помош.

Слаба сила на раката:

Слабеењето на фатот во раката може да укаже на помала густина на коските. Ако имате потешкотии да држите предмети, треба да го проверите здравјето на коските, особено жените кои го имаат овој проблем.

Кршливи нокти:

Ако вашите нокти лесно се кршат, ова може да биде еден од раните показатели за остеопороза. Кршењето на ноктите може да биде поврзано со слабеење на коските. Овој суптилен знак често се занемарува, но може да укажува на проблеми со здравјето на коските. 

Почнувате да губите висина:

Верувале или не, губењето на повеќе од еден сантиметар од висината со текот на времето е еден од можните симптоми на оваа болест. Ова може да укажува на скршеници на пршлените поради остеопороза, пренесува Health Shots.

Болка во грбот:

Необјаснетата болка во грбот, особено ако е силна или ненадејна, може да се должи на мали фрактури на ‘рбетот, ран знак за остеопороза.

Стуткано држење:

Свитканото или наведната поза може да укаже дека остеопорозата го ослабнала ‘рбетот, што доведува до фрактури и лошо држење на телото.

Фрактури на коските:

Лесно кршење на коските од помали падови или испакнатини може да сигнализира ослабени коски. Фрактурите на колкот, зглобот или ‘рбетот се чести кај луѓето со остеопороза.