Без разлика дали ги сакате или не, костенот е една од првите асоцијации на есента за многу луѓе. Меѓутоа, доколку сте љубители на ова есенско уживање, не треба да вложувате многу труд за да уживате во него. Имено, со овој рецепт можете да го направите и дома за само половина час.
Освен тоа, костенот е многу здрава храна бидејќи содржи голема количина на растителни влакна, го намалува холестеролот во крвта и ја поттикнува работата на цревата. Особено се препорачува за луѓе кои страдаат од срцеви заболувања, но треба да го избегнуваат лицата со нетолеранција на глутен.
За овој рецепт потребни се само основните состојки, а тоа се костени, вода и сол.
Подготовка:
Секој костен прво исечете го по должина, а ако е поголем костен тогаш можете да направите и по еден напречен рез. Потоа ставете ги во тенџере и додадете вода и сол. Варете ги на тивок оган додека водата не почне да врие.
Тогаш ќе забележите дека се отвориле и потоа можете да ги тргнете од оган и да ги исцедите. За тоа време вклучете ја рерната на 250 степени за да се загрее. Исцедете ги костените и ставете ги во тавче. Кога рерната ќе се загрее, ставете ги да се печат околу 15 минути.
Времето за печење зависи од нивната големина, но и од тоа дали сакате да ги јадете повеќе печени. Кога ќе бидат готови, извадете ги од рерна и покријте ги со крпа околу пет минути. После тоа, тие се подготвени за конзумирање.