Мирисот на печени костени на улиците е асоцијација на есен за многумина.
Може да се јаде варено, печено, како пире, а е одличен избор за исхраната на оние кои се алергични на глутен. Освен што уживате во вкусот, со јадење костени всушност ќе се заштитите од сезонски респираторни инфекции бидејќи ова овошје е богато со растителни влакна, минерали и витамини.
Како и другите јаткасти плодови, костените исто така содржат масти, но во многу помала количина, па затоа сигурно нема да се здебелите. Според нутриционистите,
здравата количина костени што треба да ја јадете дневно за да ги добиете сите негови позитивни својства е 85 грама.
Содржи витамин Ц, што го прави посебен јаткаст плод. Исто така е богат со витамини Б1, Б2 и Б6 и фолна киселина, па затоа е добар за бремени жени за правилен развој на фетусот, како и за здравјето на нервниот систем.
Костенот содржи и магнезиум, па затоа е одлична ужина кога се чувствувате уморни во нозете. Ако сакате да го грицкате за време на есен, нема да имате проблеми ниту со забите и коските, бидејќи е богат со калциум, а особено се препорачува за жени во менопауза како превентивна мерка против остеопороза.
Исто така, ќе ви ја подобри крвната слика ако сте анемични бидејќи содржи железо, а е добар и за оние со висок крвен притисок.Имено, поради ниската содржина на натриум и многу калиум, одличен е во исхраната на луѓето кои страдаат од хипертензија, бидејќи има диуретично дејство и ја исфрла водата од телото.
Богатоста со растителни влакна ќе им помогне на оние со холестерол да го намалат. Може да се јаде варено, печено, како пире, и е одличен избор за исхраната на оние кои се алергични на глутен.