Вистинска лавина од коментари предизвика видео на кое сопругата на милионер од Дубаи покажа како всушност живее.
Соуди е во брак со арапскиот милионер Џамал, живеат во Дубаи, а таа истакнува дека третманот како принцеза е единственото нешто што и треба.
Се чини дека нејзината единствена задача наутро кога ќе стане е да смисли на што ќе ги потроши парите на сопругот тој ден.
Ја исполнува луксузниот начин на живот, како и тоа што нејзиниот партнер и исполнува апсолутно се – од банални работи до прескапи секојдневни задачи.
Таа откри дека деновите ги поминува средувајќи ја косата и ноктите и дека кога е дотерана сака богат оброк.
Нејзиниот сопруг Џамал редовно и дава пари за трошење и како што истакнува Соуди, сака целосно да ја разгали.
„Ова е ден од животот на богата домаќинка која живее во Дубаи“, напиша таа покрај една фотографија.
„Се разбудивме утрово и Џамал рече дека ќе биде зафатен со работа, па ми даде нешто пари за трошење и секако отидов во салонот за убавина“, објасни таа.
“Тој сака кога се грижам за себе и ги трошам неговите пари на мојот изглед“, вели таа.
„Одбрав супер едноставен дизајн на нокти и потоа тој дојде да ме земе“, додава таа.
Потоа таа рече: „Ми рече да си ја средам косата додека тој работи некоја друга работа“.
После тоа ми рече дека сака да ме изненади, па се вративме дома и се пресоблековме“, изјави Сауди.
Потоа, во текот на вечерта, Џамал и подари обетки кои самиот ги дизајнираше специјално за неа.
Отишле во ресторан каде служат коктели со 24-каратно злато, а како изненадување на вечерта бил пејачот кој ја испеал нејзината омилена песна.
“На вечерата јадевме салати, ракчиња и тирамису. Се разбира, Џамал плати за сето тоа”, додаде Соуди.
Открила дека е многу внимателен и и посветува многу внимание и љубов, а најважно му е да е среќна и задоволна.
Корисниците на социјалните мрежи не се многу оптимисти кога станува збор за нивниот брак и мислат дека ќе се разделат штом ќе ја снема таа сума на пари.