СЕКОЈА ЧЕСТ! Македонката Бети Котовчевска постави нов рекорд: Таа е појака од мразот и зимата, се капеше во Лапонија на минус 37 степени! (видео)

Бети Котовчевска од Македонија има необично хоби, односно капење во ледена вода. Таа е една од оние кои го практикуваат методот на холандскиот екстремен спортист Вим Хоф, метод кој има три компоненти: правилно дишење, постепено изложување на студ, односно на ладна вода.

27-годишната девојка е страсна за истражување на Македонија, и вели дека нашата татковина е полна со прекрасни езера и водопади каде што можете да вежбате пливање во студената вода. Таа моментално е на патување во Лапонија, каде уште еднаш ги тестираше границите на својата издржливост и постигна нов личен рекорд – минус 34 степени Целзиусови, степен повисок од претходно.

Вака го соборив мојот нов рекорд – мирно, спокојно и среќно. Жителите на Лапонија ми рекоа дека не очекувале ваков пад на температурите на почетокот на пролетта, бидејќи цела зима ја минале со најстудени минус 27,8 степени Целзиусови“, раскажува таа на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ВОДЕ!

Но, Бети помина 4.286 километри за да го собори сопствениот рекорд од 2018 година, кој беше минус 33 степени Целзиусови. 

Честитки Бети, успеа“, напиша таа во објавата на социјалната мрежа Инстаграм.

Вчера беше најстудениот ден во Лапонија оваа зима и температурата беше минус 34 степени Целзиусови, а овој степен со гордост ќе го додадам како моја најголема победа“, напиша Бети Котовчевска.

Бети КотовчевскаМакедонијахоби