Клои Клем стана позната во 2013 година кога нејзината мајка ја сними нејзината реакција кога дозна дека одат во Дизниленд . Нејзината сестра Лили почнала да плаче од среќа од посетата на забавниот парк, а Клои направила израз на лицето кој брзо станала позната низ светот.
Оттогаш, речиси секој ден можеме да го видиме нејзиното лице , во едно од популарните мемиња кои кружат на интернет , а еве што се случува со неа денес.
Клои наполни 13 години, ја објави својата популарна фотографија од детството како насловна страница на сите социјални мрежи и собра милиони следбеници. Со текот на времето го добила прекарот „side-eye кралица“ и денес сигурно е една од најпознатите девојки во светот.
Дека некои работи никогаш не се менуваат докажала пред неколку месеци, кога направи споредба на популарниот израз на лицето. Покрај нејзината слика од 2013 година, таа објави нова на која има 13 години и ги воодушеви своите следбеници.
Таа сега оди на училиште во државата Јута , а семејството се труди да и одржи нормално детство, иако често е поканета на разни гостувања на телевизија.