Секој ден се чувствувам сè подобро на теренот: Новак ,,пукна” од самодоверба по експресната победа

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати победувајќи го Тејлор Фриц со 6:0, 6:4. Дуелот траеше само 62 минути.

Новак по натпреварот откри што најмногу му одговара, а го спомена и својот ривал.

– Секако дека со тој противник подготвуваме натпревари врз основа на оние од претходно. Ја знам неговата игра од порано, но секој натпревар е нов предизвик, не се сретнавме овде и знаев дека ќе ја има поддршката од публиката. Првиот сет го одиграв беспрекорно, во вториот му дадов брејк, при негатива од 2:4 одиграв четири стабилни гејма и го свртев сетот.

Новак истакна дека секој ден се труди да биде подобар.

– Да, тоа е нешто на што работам секој ден, малку повеќе го кревам нивото на мојата игра, тоа се случува за време на турнирот, секој ден се чувствувам подобро на теренот, се надевам дека така ќе продолжи.

Тој исто така рече дека првиот сет бил без грешки, а пресвртница бил фактот што го вовел својот ривал во долги размени.

– Мислам дека одиграв феноменален меч, првиот сет беше перфектен без грешки, солиден од основната линија. Го скршив во вториот сет, тој оживеа, после тоа се обидов да го диктирам темпото.