Секси и заводлива: Мајли Сајрус ги воодушеви сите во кожен фустан на Сен Лоран

Атрактивната Мајли Сајрус уште еднаш го привлече вниманието со својот феноменален изглед на Греми наградите 2025 година.

На овој престижен настан таа се појави во впечатлив кожен фустан од брендот Сен Лорен, кој веднаш го привлече вниманието на сите присутни.

Фустанот што Мајли го избра имаше ефективно деколте на градите, што одлично ја истакнуваше нејзината фигура, додека долниот дел од фустанот имаше долг шлиц на средината, што внесуваше доза на софистицираност и сексипилност на стајлингот.

За да го комплетира својот храбар изглед, Мајли избра минимален накит, кој вклучува сребрени и златни прстени и алки од престижниот бренд Tiffany & Co. Стајлингот го заокружи со штиклите на Сен Лоран Саломе, кои одлично се вклопија со остатокот од аутфитот.

Штиклите дополнително го истакнаа нејзиниот стил, а со оглед на тоа што беа црни, тие беа совршената завршница што направи целата да изгледа совршено.