Маратонскиот секс е недостапен за повеќето, но околу 5 проценти од нив редовно доживуваат продолжена ејакулација, што значи дека им треба и до половина час за да ејакулираат, доколку воопшто ејакулираат.
„Хируршка интервенција , повреди на рбетот и психолошки фактори како што се интензивниот страв од забременување на партнерката може да предизвика и кај мажот потешкотии да постигне оргазам“, вели Деби Хербеник, доктор и научник и автор на книгата Бидејќи се чувствува добро.
Како се чувствува жената за време на маратонски секс?
Истражувањата покажаа дека на жените им треба повеќе време за да доживеат оргазам. Меѓутоа, кога мажот не доживее оргазам, партнерката често го сфаќа тоа лично и мисли дека е лоша во кревет.
Ако сакате да ѝ олесните да разбере, бидете искрени. Кажете и дека сте го имале тој проблем и претходно, затоа ова не е поврзано со неа. Така ќе можете отворено да почнете да зборувате за сексот и за тоа кој што сака во кревет, пренесува Телеграфи.
Решение за задоволувачки сексуален живот
Шансите се дека жената нема да сака секс кој трае 30, 60 или 90 минути. Сосема е во ред да застанете и да пробате нешто друго. Околу 16 отсто од жените имаат потешкотии да постигнат оргазам за време на вагинален секс.
Разговарајте за тоа и пробајте некои други методи за и двајцата да бидете среќни. Можете исто така да користите вибратор. Додека предвремената ејакулација може да се реши со техники на мастурбација, продолжената ејакулација често има психолошка природа и треба да се внимава повеќе.