Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) покрена истрага по обвинувањата за „непримерен гест“ на репрезентацијата на Замбија за време на Светското првенство за жени.
ФИФА најави строги казни доколку се докажат овие обвинувања.
Според неколку медиуми, истрагата се однесува на селекторот на Замбија, Брус Мвепе, кој наводно ги допирал градите на еден од играчите пред натпреварот против Костарика, но ФИИФА не соопшти повеќе детали.
„Можеме да потврдиме дека е примена жалба во врска со женската репрезентација на Замбија и таа моментално се истражува. ФИФА многу сериозно ги сфаќа сите обвинувања за несоодветно однесување и постои јасна процедура за пријавување на такви случаи“, соопшти ФИФА .
Од друга страна, Фудбалскиот сојуз на Замбија (ФАЗ) соопшти дека нема добиено никаков извештај од ниту еден играч или функционер во делегацијата што отпатува на Светското првенство.
„Затоа бевме изненадени кога дознавме за ваквото наводно однесување на тренерот, за што пишуваше „Гардијан“ во својата онлајн статија“, изјави секретарот на ФАЗ и додаде дека сите тренинзи се снимени.
Полицијата на Нов Зеланд, каде што е сместен тимот, рече дека не добиле никакви пријави. „Сепак, бевме информирани за наводниот инцидент и, по првичната истрага, не беа преземени дополнителни дејствија“, рече портпаролот на полицијата.
Тренерот Брус Мвепе веќе беше споменуван во последните месеци во врска со наводната сексуална злоупотреба. Фудбалската асоцијација на Замбија потоа отвори истрага, велејќи дека немало формална жалба, но дека ги смета „овие наводи за сериозни“.
На Мвапе, кој беше назначен за селектор во 2018 година, му беа поставени повеќе прашања за тоа за време на Светското првенство, нарекувајќи ги наводите лажни.