Мала камера прикачена на телото на војникот го сними моментот на жестоки борби на линијата на фронтот во Украина.
Кратко видео покажува како војник пука кон противниците од дупка. Само секунда подоцна, на неколку метри од дупката, паѓа експлозивна направа, по што војникот ко ја носи камерата вришти и почнува да се повлекува.
Видеото е објавено на канал на Телеграм, каде што се наведува дека се работи за припадник на вооружените сили на Украина, но тоа не може со сигурност да се потврди.
– Украинските специјални сили под оган на руската артилерија – се наведува во публикацијата.
Според неофицијални информации, видеото е снимено на линијата на фронтот во шумата во близина на градот Кремина во областа Луганск во источна Украина.
Засега не се знае точно кога е снимен.