Селена Гомез се расплака поради депортацијата на мигрантите од Америка: Познатата актерка и пејачка не можеше да се вразуми (ВИДЕО)

Селена Гомез, американска пејачка и актерка со мексиканско потекло, се расплака на Инстаграм поради неодамнешните постапки на Доналд Трамп, односно поради депортацијата на мигрантите.

„Жал ми е“, напиша таа покрај емотиконот со знамето на Мексико.

„Сите мои луѓе беа нападнати, а децата. Не разбирам. Многу ми е жал. Посакувам да можам да направам нешто, но не можам. Не знам што да правам. Ќе пробам сè Ветувам“, рече Селена.

Актерката, која е родена во Тексас, неодамна проговори за миграцијата на нејзиното семејство во 1970-тите, кога нејзината тетка ја преминала границата од Мексико во Америка скриена во задниот дел на камион.

„Недокументираната имиграција е прашање за кое размислувам секој ден и никогаш не заборавам колку сум среќна што сум родена во оваа земја поради моето семејство. Но, кога ги читам вестите или дискусиите за имиграцијата, чувствувам страв за оние во слични ситуации. Се плашам за мојата земја“ , рече таа неодамна.

Мексико: „САД ни испратија и мигранти кои не се од нашата земја“

Пред почетокот на неговиот мандат, Трамп најави масовни депортации на мигранти без документи во Америка. Репресијата на национално ниво против мигрантите во неделата, 26 јануари, резултираше со апсење на 956 лица, што е најмногу откако Трамп ја презеде функцијата, според Службата за имиграција и царина (ICE).

Мексико минатата недела ги прифати депортираните мигранти од немексиканско потекло, рече мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум, спротивно на претходната најава дека ќе се спротивстави на тоа.

Шајнбаум објави дека Мексико примило повеќе од четири илјади депортирани и дека огромното мнозинство од нив се Мексиканци. Во таа бројка влегуваат и лица испратени од САД со четири летови, пренесува Index.hr.

Селена ја поддржа Камала

Селена и’ даде поддршка на Камала Харис на претседателските избори во Америка. По победата на Трамп, Селена сподели цитат од американската авторка и феминистка Одр Лорди. Цитатот гласи: „Не можам да бидам слободен додека секоја жена не е слободна, дури и ако нивните окови се различни од моите“. Заедно со цитатот таа додаде: „Тешко ми е денес“.