Канадската пејачка Селин Дион изјави дека употребата на нејзината песна „My Heart Will Go On“ од филмот „Титаник“ на митингот за републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во Монтана е неовластена.
Таа песна и придружното видео беа пуштени во петокот на митингот на поранешниот американски претседател во Бозман, Монтана, на голем екран во близина на бината.
Дион, петкратен добитник на Греми, наводно одбил да настапи на инаугурацијата на Трамп во јануари 2017 година, кога поранешниот претседател ја презеде функцијата по победата на изборите во 2016 година, пренесува Ројтерс.
Во петокот, Трамп одржа митинг во Бозман, Монтана, за да го поддржи републиканскиот кандидат Тим Шихи во трката за Сенатот.