Семејствата на настраданите од Кочани во вторник ќе маршираат во Скопје

Семејствата на покојните од трагедијата во Кочани ќе организираат ,,Марш за ангелите” за ден 29.04.2025 година (вторник) со почеток во 12 часот и 05 минути како симболика за задоцнета реакција во Скопје. Маршот ќе започне пред обвинителството во Скопје, ќе продолжи на градскиот плоштад во Скопје и ќе се продолжи пред собранието на Македонија.

,,Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат па пуштаат, па свесни ли се дека и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со фати па пушти без да имаме јасно образложение за таа законска процедура што се создава во нашите мисли кои и онака се на работ на себеуништување.” – истакнаа семејствата во писмено соопштение.

Бараме одговори кои ги заслужуваме за насилната смрт на нашите деца.