Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва се огласи на социјалната мрежа Инстаграм со објава каде реагираше на обвинувањата на премиерот Косово, Албин Курти, насочени кон семејството на српскиот претседател.
Имено, Александар Вучиќ одговори на обвинувањата на Албин Курти, кој изјави дека синот на претседателот на Србија, Данило Вучиќ, некако учествувал во, како што изјави Албин Курти, „терористичкиот напад во Бањска“.
„Албин Курти вечерва го обвини моето семејство, мојот првенец Данило, тој самиот не знае како стигнал таму, дека некако учествувал во како што вели терористичкиот напад во Бањска. Првата карактеристика на кукавиците што ја забележува секој е кога некој ги напаѓа туѓите семејства, децата, бидејќи тие секогаш изгледаат како најлесната мета“, напиша Александар Вучиќ и додаде: „Данило, се разбира, нема ништо со ова, освен што ги сака Србија и Косово и Метохија како дел од неа, согласно Повелбата на ОН. Се обидовте да му ја соблечете кошулата, но не успеавте. Ја навредивте мојата ќерка. Ти си терорист на Косово, затоа што го убиваш и тероризираш српскиот народ, а за Данило не се секирај, тој е храбар млад човек и никако сличен на тебе. А, на Шолак и на домашните криминалци, за кои Албин Курти уредува медиуми, само им велам дека нема да ја победат Србија“, пишува во објавата на претседателот на Србија.