На денешен ден пред 20 години беше убиен Зоран Ѓинѓиќ, премиерот на Србија.
По тој повод, семејството Ѓинѓиќ денеска положи венец на неговиот гроб во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта.
ЛУКА ИМА 30 ГОДИНИ
Како што пишува Блиц.рс, венецот во присуство на неколку десетици граѓани го положиле сопругата на Ѓинѓиќ, Ружица и синот Лука.
Инаку, синот на Зоран Ѓинѓиќ, поранешниот премиер на Србија, Лука Ѓинѓиќ денес има 30 години и ретко се појавува во јавноста.
Лука, дипломирал на Факултетот за политички науки, а иако се прерпоставуваше дека ќе тргне по стапките на својот татко, тоа сè уште не се случило.
ЈОВАНА РАБОТИ ВО ВЛАДАТА НА СРБИЈА
Неговата сестра Јована има 33 години и работи во Владата на Србија.
Во 2013 година Јована дипломирала на Факултетот за медиуми и комуникации, а потоа и на Универзитетскиот колеџ во Лондон, каде што ги завршила магистерските студии од областа на општественото сознание.
Како што претходно за локалните медиуми изјавија професорите на Јована на Факултетот во Белград, таа била меѓу најдобрите студенти.
Пред семејството, членовите и функционерите на ДС заедно со насобраните граѓани одбележаа 20 години од атентатот на премиерот Зоран Ѓинѓиќ со традиционалната „Прошетка за Зоран“ од споменикот на Вук до Новите гробишта, каде беа положени венци на гробот на Ѓинѓиќ во Алејата на заслужни граѓани.