Семки од тиква, добар извор на протеини и диетални влакна

Семките од тиква се богат извор на диетални влакна и масни киселини кои се одлични за здравјето на срцето. Тие се добар извор на магнезиум, манган, фосфор, бакар и железо.

Исто така се богати со протеини, минерали и корисни витамини. Само 100 грама семки од тиква има 30 грама протеини, дури 100% дневни потреби од железо, околу 30% потреби за ниацин, селен и цинк. Не содржат холестерол, а содржат и триптофан кој е корисен во исхраната на мозокот.

Доколку јадете семки од тиква ќе ја намалите веројатноста од кардиоваскуларните заболувања. Богат извор се на магнезиум, калциум, калиум, җелезо, цинк и витамин К. Ефикасни се во војната против различните видови на рак и имаат антивоспалително делување.

Семките од тиква имаат антивоспалително делување кое ги намалува симптомите на артритисот. Доколку патите од артритис, секој ден изедете околу 30 грама семки како би ги олесниле симптомите на артритис. Луѓе кои во телото имаат недостиг на цинк, препорачливо е да ги консумираат семките од тиква. Тие се одличен извор на цинк, минералот кој е потребен за изградба на коските. Како лек, исто така, може да се користат и за чистење на организмот од глисти и паразити.

Семките од тиква се еден од најдобрите извори на омега-3 масна киселина која е доста значајна за здравјето.