Британскиот пејач Сем Смит изненади со својот стајлинг за доделувањето на „Brit Awards“ во арената 02 во Лондон.
Тој се појави во костим од латекс со необичен изглед, а стајлингот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Корисниците на Твитер напишаа дека неговиот стајлинг е понижувачки и ужасен а некои од нив напишаа дека Смит е очаен за внимание.
Инаку, овој пејач претходно изјави дека не обрнува внимание на критиките, и дека се чувствува добро во своја кожа.
Претходно со години страдаше од нарушување наречено телесна дисморфија.