Пекара во белградската населба Видиковац нуди нов производ. Тоа е ‘претседателски сендвич’ , кој деновиве на интернет го претстави Александар Вучиќ, а се состои од леб, паризер и мајонез. Блиц пренесува дека сендвичот воодушевил многу муштерии.
“Сендвичот оди како алва“, велат вработените во оваа белградска пекара. Фотографијата од сендвичите што ги продаваат стана вирална откако еден корисник на X (поранешен Твитер) ја сподели на својот профил. „Работа има, кој сака да работи“, напиша тој во описот на објавата и собра речиси 60.000 прегледи.
“Извинете, оваа салата е луксуз“, „Прескапа, тројцата појадуваа за овие пари“, „Каква салата, какво фалење, прашувам?“, „Рајски сендвич“, „Тролање на макс“, се потсмеваа луѓето во коментарите. Инаку, цената на овој хит производ во Србија е 99 динари или 52 денари.