Сензација на Блискиот Исток: Пронајдена пирамида стара 2.200 години, археолозите ги мачи едно прашање

Археолозите кои ги проучуваат локациите во Јудејската пустина, западно од Мртвото Море, открија мистериозна пирамида стара 2.200 години.

Се верува дека датира од хеленистичката ера и е изградена од поединечни камени блокови, од кои секој тежи стотици килограми, пренесува LadBible .

Многу антички артефакти

Ископувањата ги води Израелската управа за антиквитети (IAA), додека локацијата е означена како „историска мистерија“. Сепак, не сме навикнати да гледаме пирамиди надвор од Египет или Мексико.

Целиот локалитет е богат со антички артефакти , како свитоци, бронзени монети и оружје, па затоа се интензивирани напорите да се заштити од потенцијални грабежи.

„ Оваа пирамидална градба е огромна и изработена од рачно изделкан камен. Во првата недела од ископувањето најдовме пишани документи, извонредни бронзени садови и остатоци од антички мебел, кои беа зачувани благодарение на пустинската клима“, беше објавено.

Повик за волонтери

Засега не е познато зошто е изградена пирамидата , ниту за која цел.

„Дали се работи за караула на важна комеморативна рута, или гробница или споменик во античката историја. Тоа е мистерија и веруваме дека ќе ја решиме во наредниот период “, се нагласува.

Секојдневно се работи на локацијата во Јудејската пустина, а властите ги повикаа волонтерите да им помогнат да ја завршат работата до 4-ти април и да и го претстават на јавноста што пронашле.