Русија и Северна Кореја планираат да ја зајакнат одбранбената соработка, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу по разговорите со севернокорејскиот колега во Пјонгјанг.
„Убеден сум дека денешните разговори ќе придонесат за зајакнување на соработката меѓу нашите министерства за одбрана“, рече Шојгу, соопшти руското Министерство за одбрана.
Руските медиуми објавија дека Шојгу утринава се сретнал со севернокорејскиот колега Канг Сун Нам.
Американските разузнавачи веќе некое време сугерираат дека Русија купува оружје и муниција од Северна Кореја, пишува Sky News.