Воздушно предупредување е издадено во повеќе региони – Киев, Черкаси, Чернихив, Суми, Харков, Полтава, Днепропетровск, Николаев, Кировоград и Керсон.
Серија експлозии се случија во Киев , јавија утрово украинските медиуми.
Шефот на градската воена управа Сергеј Попко објави дека пожарот избувнал во нестанбена зграда .
Воздушната тревога е објавена во повеќе региони – Киев, Черкаси, Чернихив, Суми, Харков, Полтава, Днепропетровск, Николаев, Кировоград и Керсон, пренесува Унијан.
Kyiv some moments ago
— Getty (@region776) November 25, 2023
🎥 from residents pic.twitter.com/NEhXSk9huG
На социјалните мрежи луѓето тврдат дека ова бил најсилниот руски напад врз Киев во последниот месец.
Агенцијата наведува дека украинската противвоздушна одбрана работи, а властите апелираат до граѓаните да се засолнат на безбедни места.