Украинците повторно се обидоа да го нападнат Крим.
Руската воздушна одбрана синоќа собори 11 украински беспилотни летала над Крим и едно беспилотно летало над руската област Брјанск , соопшти Министерството за одбрана.
Министерството наведува дека е спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напади со беспилотни летала на Крим и областа Брјанск, пренесе РИА Новости.
Украинските сили ја напаѓаат руската погранична територија со беспилотни летала речиси секој ден.
⚡️A powerful explosion occurred in the temporarily occupied #Yevpatoriya (#Crimea) at night. Local Telegram channels published photos and video.
— KyivPost (@KyivPost) September 14, 2023
According to Russian state media reports, Russian air defenses allegedly destroyed 11 drones over the territory of temporarily… pic.twitter.com/I64DoX3nSY
Сообраќајот на мостот на Крим е привремено во прекин , беше објавено на каналот Телеграм за оперативната состојба на мостот. Причините за прекинот на сообраќајот не се прецизирани.