Повеќе од 100 луѓе се повредени
Во силниот земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала , кој денеска ја погоди провинцијата Херат во Авганистан , две лица загинаа , а повеќе од 100 се повредени и се примени во Регионалната болница Херат, соопшти хуманитарната невладина организација Лекари без Граници.
Земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан, соопшти претходно Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), пренесе АП.
Епицентарот на земјотресот бил на 34 километри од Херат и се случил на длабочина од осум километри, соопшти Американскиот геолошки институт. Светската здравствена организација (СЗО) претходно објави дека повеќе од 120 повредени во земјотресот што денеска ја погоди провинцијата Херат во Авганистан се примени во регионалната болница во тој град.
– Во овој момент повеќе од 120 лица се повредени и пренесени во регионалната болница во Херат, а уште многу повредени се префрлени во други болници во овој град – наведува СЗО во објава на платформата Икс (Твитер) .
Во серија разорни земјотреси на почетокот на овој месец загинаа најмалку 2.000 луѓе во Авганистан.