Сестрата на Душко Тошиќ повторно се најде во центарот на медиумското внимание и со само една фотографија ги покрена шпекулациите за бракот на познатиот фудбалер и Јелена Карлеуша.
Катарина Тошиќ, имено, го прослави својот 42 роденден во кругот на најблиските, а се чини дека првпат ги дува свеќите без присуство на својата снаа со која имаа идилична врска до неодамна.
Нема сомнежи дека поп дивата и’ го честиташе еоденденот, не се сомневаме и дека и’ испратила подарок, но не ја почестила со своето присуство.
На прославата на Катарина во семејниот дом присуствуваа нејзините деца, Душко, како и нејзините внуки Атина и Ника, кои уживаа во прекрасно украсената торта.
Сестрата на Душко Тошиќ има прекрасен однос со своите внуки. Кога се кај неа, таа им се препушта на сè, сака децата да се сложуваат добро со нив, а среќна е и кога патуваат заедно.
Атина и Ника знаат да ја испочитуваат на Катарина како омилена тетка, поради што срцето на поранешната спортистка е полно.