Сестрата на Ким Џонг-ун се закани на Вашингтон и Сеул: “Секој обид за соборување севернокорејски ракети би значел објава на војна!“

Пјонгјанг денес соопшти дека секој обид за соборување на севернокорејски ракетен тест ќе значи објавување војна, со обвинување дека заедничките маневри на армиите на Ссоединетите Американски Држави (САД) и Јужна Кореја придонесуваат за зголемување на тензиите во регионот.

Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, изјави дека американската воена акција насочена кон тестирање на стратешкото оружје на Пјонгјанг во Пацификот би значело објава на војна.

Тихиот океан не им припаѓа на САД и Јапонија“, изјави Ким Јо Јонг, објавија странските медиуми.

Најавено е дека САД и Јужна Кореја следната недела ќе одржат заеднички маневри наречени „Штитот на слободата“.

Во Јужна Кореја во моментот има повеќе од 28.000 американски војници.

Јужна КорејаКим Јо ЈонгКим Џонг-унПацификСАДСеверна Кореја