Помладата полусестра на Лорен Санчез , Елена Блер, сподели досега невидени фотографии од луксузната свадба на медиумската личност и милијардер Џеф Безос.
На една од црно-белите фотографии, Лорен блеска во венчаницата додека гостин ја прегрнува одзади, а нејзината насмевка одразува чиста среќа. На друга слика, таа се смее додека го покрива лицето со рацете, седејќи на раскошно декорирана маса за време на свадбена вечера.
Елена, професионална фотографка, ги објави овие моменти на Инстаграм со емотивна порака:
„Ќе го паметам ова засекогаш… Нашето семејство е полно со љубов и радост. Ве сакам двајцата многу, @laurensanchezbezos @jeffbezos“, напиша таа со срце.
Лорен ѝ одговори во коментар:
„Јас сум најсреќната девојка на светот што те имам за најдобра пријателка“.
Модниот дизајнер Доменико Долче, исто така, зборуваше за венчаницата, велејќи:
„Типична Лорен. Секси, среќна, безгрижна, без драма. Елегантна, но сензуална.“
Покрај самата церемонија и прием, двојката организираше низа луксузни настани – вечера за добредојде, пижамска забава следниот ден, како и блескава забава на јахтата „Кора“ на Безос, вредна 500 милиони долари.
Гостите не си заминаа со празни раце – како што откри извор за „Дејли меил“ , секој гостин доби подарок рачно изработени стаклени садови од локалната компанија „Лагуна Б“ , позната по своите светли бои, пруги и цветни мотиви. Секоја чаша имаше уникатен дизајн, а поголема може да чини и до 167 долари.
Свадбата на Лорен и Џеф уште еднаш потврди дека за нив нема граници – ниту кога станува збор за љубовта, ниту за стилот.