Болницата „8-ми Септември“ бара ИТНО да се известат семејствата на Методија Цонев и Стефанија Златановска што побрзо да пристигнат во скопската болница.
– „На лекување се однесени малолетните Методија Цонев и Стефанија Златановска од Кочани на кои родителите сеуште не се присутни во Болницата. Поради потреба ИТНО да се лекуваат во странство потребен е родителски потпис.“
Се замолуваат сите кои имаат контакт со семејствата на повредените да ги информираат што е можно побрзо да пристигнат во болницата „8-ми Септември“