Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за истражна постапка против 65-годишен тетовец, кој се сомничи дека сторил кривично дело „убиство“, пренесува Телеграф Македонија.
При семејното насилство и по кратка меѓусебна расправија, пријавениот со истрел од ловечка пушка што ја поседувал со дозвола со умисла го одзел животот на својот 39-годишен син со кој живееле во истиот стан.
Куршумот го погодил оштетениот во градите и тој веднаш починал, додека осомничениот седел во станот со мртвото тело на починатиот до нивното пронаоѓање.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.