Први мај многумина ќе го искористат за одмор и уживање со најблиските со добра храна. Овој рецепт за плескавица ќе ги воодушеви вашите непца.
Потребно е: 500 грама мелено говедско месо, еден поголем кромид, едно чешне лук, половина лажичка смеса за зачини, половина лажичка сол, половина лажичка бибер, три лажици минерална вода и масло.
Подготовка
Измешајте мелено месо, рендано црвено и лук, смесата за зачини, сол и бибер. Додека мешате, на секои неколку минути додавајте по една лажица ладна минерална вода. Потоа смесата ставете ја во фрижидер еден час.
Загрејте тава со масло и со влажни раце одвојте ги топчињата со саканата големина од смесата. Секоја од нив раширете ја со дланка, но внимавајте да не се премногу тенки.
Ставете ги во тавата и пржете ги по четири минути од секоја страна. По желба послужете ги во пинџур, со ајвар, салата од кромид… Пријатно!