Пред неколку години нè напушти пејачката Дона Арес која се бореше со страшна болест. Таа стана синоним за храброст и покажа како изгледа борбата за живот.
И покрај тоа што таа никогаш не се откажа од животот, се чинеше дека животот се откажал од неа. Нè напушти на 2 октомври 2017 година кога имаше 41 година.
Пејачката на 39 години дознала дека боледува од тежок облик на рак, а потоа започнала нејзината борба.
Успеала двапати да ја победи болеста, но секој пат таа и’ се навраќала. Третиот пат беше кобен за неа. Инспирирана од тешката борба со кобната болест, Дона ја напишала книгата „Соба за никој“ која била нејзина исповед.
Нејзината борба беше следена од самиот почеток, сите мислеа дека ќе се извлече, дека ќе ја преживее таа зла болест, но за жал тоа не се случи. Во гостувањето во ток-шоу, Дона откри зошто мисли дека заболела од рак.
– Знам дека сите ќе ме нападнат, но мислам дека млекото ме отру мене лично – изјавила пејачката.
Таа до последниот ден беше весела и насмеана, а чувствата ги сподели на социјалните мрежи.
– Сè уште сум добро!!! Подносливо е, иако веќе го гледам и чувствувам крајот. На крајот на краиштата, полека и тивко венеам – напишала тогаш Дона, која набрзо починала.
Пет дена пред смртта таа објави уште една фотографија на својот Инстаграм. Таа објави слика на која напиша – Вашата Дона Арес ве сака.
-Верувај ми, со текот на времето не станува полесно, само потешко, а единственото нешто што ме одржува е храброста и силата што ги имам. Кој вели дека времето лекува болка – лаже. Живеам така што ја чувам тагата за себе. Премногу е тешко и секој нов ден е потежок.
Кога сфати дека и’ доаѓа крајот и дека не може да продолжи со животот ни прочита лекција која сите добро мора да ја запамеѕиме:
„Морате да бидете силни до последниот момент, да се борите секој ден од почеток“.