СЕ БОРИ ДА ЗАРАБОТИ – Актерот кој двапати беше номиниран за Оскар денеска едвај врзува крај со крај

Актерот изјави дека работите полека се подобруваат во однос на тоа како го гледаат во Холивуд

Иако беше номиниран за два Оскари, актерот Џимон Хоунсу призна дека во последно време се мачи да заработи за живот.

Нема поддршка
Како што пишува Unilad, ѕвездата на DC отворено призна дека се чувствува како индустријата да го измамила. Хоунсу беше номиниран за Оскар за филмовите In America (2002) и Blood Diamond (2006), а неодамна го играше Волшебникот во Shazam. Тој е познат и како Корат гонител од филмовите на Марвел.

  • Се сеќавам на времето кога немав поддршка од мојот народ, немав поддршка од медиумите или индустријата. Чувствував дека треба да бидам среќен што сум номиниран за Оскар и тоа е тоа.

Тој се уште се бори

  • Се уште се мачам обидувајќи се да заработам долар. Влегов во бизнис со некои луѓе кои се апсолутно добро ситуирани, но немам добри зборови за нив. Така што се чувствувам измамен, страшно изневерен, во однос на финансиите, но и во однос на работата – додаде тој.

Сепак, актерот изјави дека работите полека се подобруваат во однос на тоа како го гледаат во Холивуд.

  • Одвреме-навреме самите велат: „Треба да му дадеме повеќе, малку е потценет“. И самите се свесни за тоа – рече тој.