Оптичките илузии се фасцинантни бидејќи начинот на кој нашиот мозок ги перцепира сликите може да биде сосема различен. Ова се случува кога она што го гледаме си поигрува со нашата визија.
Сега се тврди дека оптичката илузија го идентификува вашиот најголем страв, едноставно врз основа на она што прво го гледате на сликата. Тестот, споделен од Times Now, исто така беше широко распространет на социјалните мрежи, а корисниците го нарекоа многу точен. На прв поглед, илузијата е само црно-бел цртеж, но има две потенцијални работи кои најпрво би можеле да ги видите на сликата, пренесува Вечерњи.хр.
Глодар: Ако прво видовте глодар, во горната половина на сликата, тоа значи дека се плашите да се потпрете на другите. Сакате да бидете независни, па исмејувањето и понижувањето би било вашиот најлош кошмар. Ако прво забележите глодар, тоа значи дека се стремите кон вашата самодоверба и дека се плашите да не се соочите со сожалување или потсмев бидејќи тоа во голема мера ќе ви ја сруши самодовербата. Треба да имате целосна контрола врз вашиот живот и не сакате да дозволите надворешни фактори да влијаат на тоа што ќе одберете да го правите. Тоа значи и дека сте одговорна личност и една од работите што најмногу ги мразите е да барате помош од другите.
Машки профил: Ако прво го видите страничниот профил, тоа значи дека имате длабок страв од изолација и осаменост. За разлика од луѓето кои први гледаат животно, важно е да бидете со другите бидејќи ви е потребна човечка интеракција. Вие сте способни да бидете независни, сепак, вашиот систем за поддршка е многу важен за вас, па затоа се плашите дека ќе бидете повлечени. Да се има на кого да се потпрете е од најголема важност, па да бидете целосно сами е вашата најголема грижа.