Се вработил во фабрика кога татко му починал: Ова е момчето кое загина во експлозијата во Крушевац

Во експлозијата што се случи во фабриката „Трејл“ во Крушевац загина Н.Р.(18).

Тинејџерот, кој завршил медицинско училиште, работел во фабрика за да заработи за живот откако неговиот татко починал минатата година.

Членовите на семејството Рашковиќ останале без зборови од болка поради големата трагедија што ги снашла, а вестта за несреќата за српските медиуми ја потврдила бабата на Никола, видно потресена од целата ситуација.

– Внукот ми го убија, душа на баба, немам сила да зборувам – едвај изговорила жената низ липање.

Никола не е единственото дете во семејството, тој имал и брат малку постар од несреќниот млад човек, а соседите на ова семејство сè уште се во шок поради тоа што се случило.

– Страшно, што друго да кажам, не дај Боже на никок. Живеат две куќи од нас, имаа два сина, сега останаа без едното момче. Сите сме во шок, не можеме да поверуваме дека ова му се случи на нашиот Никола – кратко раскажала сосетката на ова семејство.

Според неофицијални информации, младиот човек починал на лице место поради последиците од експлозијата.

Полицијата сè уште е на терен.

Четири часа по експлозијата, телото на младиот човек било извадено од фабриката и однесено со погребално возило.