Американската пејачка Џесика Симпсон (44) ги шокираше фановите со промената на изгледот, кога ја објави најновата фотографија од музичкото студио каде работи на своите нови песни.
Џесика Симпсон , американска актерка и пејачка, по 14 години се врати во музичкото студио. Таа на социјалните мрежи сподели нова фотографија со порака: „Едвај чекам да ја слушнеш музиката на мојата душа“, но предизвика бројни коментари во кои луѓето не ја препознаваат.
Џесика својот последен албум го издаде во 2010 година, а сега реши да и се врати на музиката. Сепак, вниманието брзо се префрли на нејзиниот изглед, со коментари: „Која е оваа?“, „Не личиш на Џесика“, „Не е истата жена“. Некои ја споредија со Иванка Трамп, Парис Хилтон и сестрите Кардашијан, додека на Кортни Кардашијан и се допадна нејзината фотографија.
Борбата ја водеше со килограми
Џесика, која пред неколку години имаше проблеми со тежината , успеа да ослабе 45 килограми откако во 2019 година во бременоста достигна 117 килограми. За да ги постигне овие резултати, таа одела по 4.000 чекори дневно, следела строга диета и тренирала со помош на тренер. Таа на Инстаграм ги сподели своите искуства за нејзината трансформација, нагласувајќи дека слабеењето е резултат на напорна работа и самодоверба.
Иако нејзината тежина варираше низ годините поради породувањето и животните предизвици, Џесика стана симбол на решителност. Некои веруваат дека таа е под притисок да го врати изгледот од претходните години, што можеби се одразило на нејзиниот имиџ.
Џесика без разлика на се остана препознатлива како една од најубавите и најуспешните актерки, а нејзиното враќање на музичката сцена предизвика голем интерес.