Решението на Судскиот Совет со кое поранешната претседателка на Судски Совет, Весна Дамева беше разрешена од претседателската функција е поништено, потврдија од Управниот Суд за МИА.
Министерот за правда, Кренар Лога ја поздравува оваа одлука со која таа се враќа на претседателското место во Судскиот Совет.
„Со ова се потврдуваат сите наводи на министерот кои во изминатиов период ги имаше за работењето и постапувањето на Судскиот Совет со што се докажува дека на оваа институција ѝ се неопходни реформи“, стои во соопштението од Министерството за правда.
Оттаму дополнуваат дека одлуката на Управниот Суд влева надеж за враќање на довербата во институциите и почитување на принципот на владеење на право.
Од Судскиот Совет за МИА велат дека ќе се чека на пресудата, бидејќи и тие за ова дознале од медиумите.