Откако половина година се жалеле на болки во стомакот и повраќање, родителите на 16-годишно девојче од Пали, Индија, ја однеле кај лекарите. Набрзо се испоставило дека девојчето во стомакот има реп од коса тешка половина килограм, која морала да биде отстранета со операција.
Купот кафеава коса што лекарите го извадиле од стомакот бил долг 16 сантиметри и широк осум сантиметри.
Имено, девојчето од својата осумгодишна возраст боледува од трихофагија, компулсивна потреба за јадење коса, болест која се поврзува со трихотиломанија, односно неодолива потреба за вадење коса.
Членовите на нејзиното семејство многупати ја предупредувале да престане да ја јаде косата, но таа одбила да слуша. Досега семејството не ја однело на лекар поради оваа болест, се вели во приказната на агенцијата Џем прес.
Заболените од оваа болест имаат потреба да ја џвакаат и јадат сопствената коса, а понекогаш јадат и туѓа коса. Трихотиломанијата често е вклучена во спектарот на опсесивно-компулсивни нарушувања. Сè уште не е познато што ја предизвикува оваа болест.