Лекарите во Франција снимиле необичен случај кој завршил во стручно списание, а се започнало со доаѓањето на жена (37) која се пожалила на болки во стомакот.
Таа истакна дека поплаките почнале 10 дена порано, а има и проблем со надуеност. Веднаш бил направен ултразвук кој ги запрепастил медицинските лица.
Имено, констатирано е дека во абдоминалната празнина, поточно, просторот помеѓу желудникот и цревата, има правилно формиран плод .
Станува збор за ретка форма на ектопична бременост, додека плацентата била прикачена на врвот на карлицата, пишува „Дејли мејл“.
Овој медицински феномен обично завршува фатално за фетусот, но не во овој случај. Лекарите и рекле на жената да почека до 29-та недела од бременоста за да ја породи, што и го направиле.
Новороденчето е родено откако хирурзите направиле засек во стомакот, а потоа било префрлено на одделението за интензивна нега.
Мајката имала дополнителна интервенција за отстранување на остатокот од плацентата, а заедно со детето била отпуштена од болница по 25 дена.
Во медицинскиот весник е забележано дека таа веќе има две деца.