“СЕ ЗАВИСИ ОД ТОА КАКО ЌЕ…“ – Ова ги интересира сите љубители на тенисот: Еве кога би можел да биде големиот кам-бек на Рафаел Надал

Обожавателите на тенисот се уште се надеваат дека ќе го видат Рафаел Надал на следниот Австралија Опен, а сега на таа тема проговори и директорот на турнирот Крег Тајли.

Тој се надева дека шпанскиот ас сепак ќе игра во Австралија, пренесува Sky Sports. Да потсетиме, Рафаел Надал последниот натпревар го одигра на споменатиот Грен Слем, во јануари годинава. Потоа се повреди во второто коло на натпреварот против Американецот Мекензи Мекдоналд и оттогаш го нема на теренот.

Рафаел Надал тренира, јас го следам внимателно, веројатно секој ден, бидејќи е важен играч за нашиот турнир. Тој сака да игра, очигледно дека планира да игра. Се зависи од тоа како ќе се закрепнува. Се надеваме дека ќе добиеме конкретна потврда за тоа во следната недела или две. Сигурен сум дека Рафа ќе биде тука бидејќи нема да ја пропушти можноста да го повтори она што го направи пред неколку години“, изјави Крег Тајли.

Австралија ОпенРафаел Надалтенис