Се запали новогодишната елка во ТЦ Бисер во Аеродром

Граѓаните на социјалните мрежи споделија фотографии на кои се гледа дека е запалена новогодишната елка поставена во трговскиот центар Бисер во скопски Аеродром.

Од снимките не може да се заклучи што го предизвикало пожарот, но се гледа дека огнени јазици ја голтаат новогодишната елка поставена пред трговскиот центар.

Се уште нема информации дали пожарот е подметнат, а надлежните служби се очекува да излезат со детали подоцна.

Овој пожар го отвора и прашањето за безбедноста на новогодишните реквизити кои општините, но и приватните компании ги поставуваат на јавни простори и дали државните служби вршат безбедносна проверка на истите.