Ади Тимерманс од Белгија никогаш не можел да го најде вистинскиот маж. Господата од Антверпен едноставно не биле по нејзин вкус. Но, таа никогаш не барала маж. Како што објаснила, барала љубов.
И го нашла во форма на машко шимпанзо по име Чита. Има 38 години, поголемиот дел од животот го поминал во Зоолошката градина, но бидејќи пред тоа бил домашен миленик, малку потешко му е да се дружи со други шимпанза.
Едно судбоносно попладне, Ади се шетала низ зоолошката градина и се сретнале со Чита. За неа тоа било љубов на прв поглед. Таа продолжи да го посетува речиси секој ден, а низ заштитното стакло си разменуваа бакнежи, си мафтаа… Ади од среќа ,,летала во облаци.”
Но, работите наеднаш се смениле. Едно утро вработените одбиле да ја пуштат Ада да влезе во зоолошката градина. Тие и’ кажале како нејзиното друштво лошо влијае на шимпанзото.
-Тоа шимпанзо е со нејзината група по цел ден, но потоа не ја прифаќаат бидејќи таа избира човечко друштво кога и да може. Кога толку ќе се зближи со некоја личност, другите шимпанза ќе го отфрлат. Овој потег го направивме за да го заштитиме животното – велат од ЗОО и додаваат дека Чита веќе преживеала тежок напад од други шимпанза.
Кутрата Ади е целосно скршена од болка. Таа во бројните обраќања до медиумите раскажува како и’ ја одземале љубовта.
– Знам дека ме сака, го сакам и јас него. Јас немам никој друг. Не знам зошто го прават ова сега. Тој веќе има 38 години, а шимпанзата во просек живеат 40 години. Ако веќе не го сменил однесувањето, тогаш тоа нема ни да го направи – изјави Ади, кој беше во оваа „врска“ четири години, објави Дејли Стар.