Парите секако гарантираат дека живеете удобно и купувате многу работи за себе. Но, некои неостварени желби остануваат засекогаш – неисполнети. За ова бил свесен и Чарли Мангер, еден од највлијателните луѓе во деловниот свет, кој почина во вторникот на 99-годишна возраст.
Кога неодамна сними интервју за мрежата CNBC по повод неговиот 100-ти роденден, кој требаше да се прослави на 1 јануари 2024 година, тој и’ призна на новинарката Беки Квик дека имал неостварени желби што сакал да ги исполни пред да умре.
Една од тие желби беше поврзана со – риболов!
– Ќе платив секаква сума за да фатам туна од 100 килограми кога бев помал. Никогаш не сум фатил такво нешто, рече Мангер, додавајќи:
„Сега сум толку стар и изнемоштен во споредба со она што бев на 96 години и веројатно немаше да се мачам… Има работи од кои се откажувате со текот на времето – изјави Мангер за CNBC.
Кога новинарот му кажал дека е доста активен за своите години, дека има напорен социјален распоред, дека има состаноци за појадок и ручек, Мангер едноставно одговорил:
– Така ја замислувам вистинската возраст. Многу добро ги препознавам предностите но ги добив на старост Да имаше можност за порано – ќе ги зграпчев – изјави Мангер, кој со Ворен Бафет беше на чело на Беркшир Хатавеј речиси половина век.
Иако не е познато колку и дали Мангер навистина ловел риба во неговите помлади години, јасно е дека активноста била многу важна за него и за неговата деловна остроумност: често се цитираат неговите совети како да се пристапи кон инвестирањето!
„Имам пријател кој вели дека првото правило за риболов е – ловите таму каде што се рибите. Второто правило за риболов е – никогаш не заборавајте го првото правило“, рече Мангер во интервју во 2017 година, додавајќи „ќе станеме добри риболовци ако ловевме таму каде што има риба“.